Првиот снег годинава го затрупа Њујорк и предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Снегот почнал да паѓа вчера и продолжил во текот на ноќта.
Автобусите и траектите на релацијата Њујорк – Њу Џерси, кои секојдневно превезуваат илјадници луѓе, со часови доцнат.
Поради големиот број патници на терминалот „Порт ауторити“, затворени се влезовите на некои делови, а оние влезови што се во функција ги контролираат војската и полицијата.
Снежната бура затвори и некои улици во Њујорк. Не се знае кому му е полошо, на возачите или на пешаците, кои се пробиваат низ купиштата снег.
Американските медиуми јавуваат дека на Менхетн од силниот ветар паѓале дрва.







