Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог

LinkSense.mk

Со 68 гласа „заи без ниту еден глас „против“, беа изгласани заклучоците со коишто на Владата ѝ се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во Европската унија.

Пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на Левица, претходно ја напуштија собраниската седница.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на нмакедонскиот народ. Се задолчува валадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на претовоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

Билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на Европската Унија и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во заклучоците.

Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, пред првата политичка Меѓувладина конференција, се вели исто така во заклучоците на Собранието.

Патем, се задолжува Владата да го информира Собранието за конечно усогласената и усвоена Преговарачка рамка и другите документи што ги усвојува Советот на Европската Унија, како и редовно и континуирано да го информира Собранието за текот на пристапните преговори, вклучително и за процесот на скрининг и за одвивањето на меѓувладините конференции за пристапување на земјава во Европската Унија.

Како што се наведува во предлог-заклучоците, се задолжува Владата овие заклучоци да ги вгради во Отворачката изјава на Македонија на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија.

Расправата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка траеше три дена во македонското Собрание.

Денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.

 

 

 

 

(Фото: Нова Македонија/Маја Јаневска-Илиева)