Советот на ЕУ одби пристап до содржината на словенечкиот нонпејпер за Балканот

– По формално новинарско барање преку воспоставените правила за достап до информации за увид во содржината на словенечкиот нонпејпер кој ја разбрани балканската јавност пред еден месец, службите на Советот на ЕУ одбија но потврдија дека документот постои, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во одговорот на генералниот секретаријат на новинарското барање за увид во словенечкиот нонпејпер, Советот на ЕУ одговори:

-Генералниот секретаријат успеа да идентификува само еден документ кој спаѓа во оваа дефиниција. По внимателно разгледување, жалам што морам да ве информирам дека пристап до овој документ не може да се дозволи, затоа што ова барање јасно спаѓа во исклучокот на членот 4(1)(а) на Регулативата на Европската Комисија 1049/2001, според која “институциите ќе одбијат пристап до документи чие обелоденување би ја поткопала заштитата на (…- јавност интерес во однос на меѓу другото „меѓународните односи“, стои во официјалниот одговор на Советот на ЕУ.

Новинарот кој го поднел барањето и чиј идентитет не се открива има право да побара ревизија на оваа одлука во рок од 15 дена, тоа барање треба да го оправда.

Со овој одговор меѓутоа се потврдува дека ваков документ поднесен од страна на Словенија постои.

За потсетување информацијата објавена прво во словенечките медиуми и потврдена од неколку политичари во регионот обелодени дека владата на Јанез Јанша поднела нонпејпер во кој се предлага прекројување на границите на западен Балкан.

Советот на ЕУ ниту претседателот на Европскиот Совет ниту еднаш не прифатија да потврдат дека постои овој документ.