Советот на Општина Кичево ја одобри предлог-одлуката за настава со физичко присуство!

Општинскиот совет на Кичево на денешната 38. седница, што се одржа во Домот на културата, усвои предлог-одлука за давање согласност за одвивање на образовниот
процес со физичко присуство на ученици од основните и средните училишта на територијата на оваа Општина.

Оваа предлог-одлука пред советниците ја образложи раководителот на Секторот за образование во Општина Кичево, Емин Насуфи, кој рече дека во барање за настава со физичко присуство до соодветната комисија испратиле девет основни училишта и две средни училишта за прва години, затоа што сметат дека нивните училишта ги исполнуваат условите според пропишаниот протокол.

Со 19 гласа „за“ и еден „воздржан“ советниците на Советот на Општина Кичево и дадоа зелено светло на одлуката за одржување на наставата со физичко присуство во училиштата во оваа општина.

„Ги приложивме изјавите на родители кои со големо мнозинство бараат наставата да се одвива со физичко присуство, но релевантнара комисија на Владата побара дополнително и предлог одлука на општинскиот совет пред да донесе одлука на кои училишта ќе им се овозможи да одржуваат настава со физичко присуство. За втора, трета и четврта година сме свесни дека нема услови за настава со физичко
присуство, затоа покрај семинари за обука на наставници за учење од далечина се обидовме да обезбедиме помоќен интернет со оптчки кабел за средните училишта“, рече Насуфи.

Тој додаде дека одлуката на Советот ќе биде испратена до комисијата утре и до следниот вторник очекуваат да го добијат одговорот од комисијата за тоа кои од училиштата ќе одржуваат настава со физичко присуство и како ќе се води наставата во оваа општина.