Солзавец и водени топови во Брисел: Разбиена „корона журка“

Белгиската полиција употреби денеска водени топови и солзавец за да ја растури журката на противниците на рестриктивните мерки во еден парк во Брисел.

Собирот, на кој имаше неколку стотици луѓе кои им пркосеа на правилата за физичка дистанца заради сузбивање на корона вирусот, одржан е една недела пред попуштањето на епидемиолошките мерки, пренесува Ројтерс.

Организаторите повикот за журка го упатија преку Фејсбук кој ја тргна нинвата објава после барањето на обвинителството кое предупреди дека посетителите ризикуваат да бидат приведени или парично казнети.

Полицијата на социјалните мрежи соопшти дека присутните не ги почитуваат мерките за јавна безбедност и дека е принудена да интервенира.

Повеќето не носеа заштитни маски кои се задолжителни во Брисел.

(Фото: Танјуг/АП)