Солун гори: Грчките студенти се судрија со полицијата

Студентскиот протест во Солун заврши околу 17 часот со судир со полицијата, а инцидентите избија на крајот на студентскиот марш во Синтриванија, додека група демонстранти на Универзитетот Аристотел фрлаше на полицијата со камења, шишиња и молотови коктели, пренесува весникот „Катимерини“.

Инцидентите продолжиле и подоцна на „Виа Игнатиа“, каде што лица со качулки и маски фрлале камења, тврди предмети и молотови коктели на полицијата од дворот на Богословското училиште.

Во судирот меѓу полицијата и студентите предизвикана е поголема материјална штета.

Студентите протестираа барајќи да се повлече законот за високо образование, а протестот заврши пред зградата на ректоратот на Универзитетот Аристотел во Солун.

 

(Фото: ЕПА)