Сом од 50 килограми уловен во Дојранско Езеро

Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица вчера околу 17 часот уловија сом тежок точно 50 килограми.

„Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно“, раскажува Никола Полизовски.

Додава дека сомот им е најголема уловена риба досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.