Сончево време со умерен ветер

Денес е среда, 15 февруари 2017 година, 46-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 319 дена.

Сонцето изгреа во 6.31 часот, а ќе зајде во 17.05 часот.

Денот трае 10 часа и 34 минути.

Месечината која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во 21.49, а ќе зајде во 8.50 часот.

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потпопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската темперстура ќе се соушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Сообраќајот на сите патишта во државава се одвива по суви коловози.

Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Богородица (Евзони) и понатаму е затворен за сообраќај на сите видови возила. На преминот Дојран не се пропуштаат товарните возила, а пак на Меџитлија има проток и на камиони и на автомобили.

Сообраќајот на патниот правец А3 од Прилеп преку Битола за Ресен, преку битолската обиколница е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на делниците Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Надлежните служби препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.