Сончево и топло време за време на викендот

„За време на викендот ќе се задржи сончево и топло време со пораст на дневната температура“, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура утре ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината утре ќе биде сончево и топло со утринска температура до 17 степени, а дневна до 33 степени.

Од понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.