Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена, не значи дека ќе замре животот на граѓаните
Политика

Спасовски: Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена, не значи дека ќе замре животот на граѓаните

март 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Денеска се продолжува да функционира во секојдневниот живот, исто како и вчера. Нема одлуки за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Вонредната состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на потребите за лекови на болниците и аптеките“, порача денеска премиерот Оливер Спасовски на пресконференција уверувајќи ги граѓаните дека со ваква состојба Владата ќе може полесно да се справи со проблемите кои произлегоа од коронавирусот.

„Ве уверувам дека вонредната состојба ќе ја совладаме на најдобар можен начин, професионално користејќи ги сите државни ресурси и почитувајќи ги сите законски прописи за успешно да се спречи коронавирусот. Затоа е потребно е да се однесуваме одговорно почитувајќи ги мерките и препораките. Во услови на вонредна состојба ќе покажеме дека дисциплинирано и сериозно секој од нас сме посветени за исполнување на обврските за општо добро и доброто на нашите деца. Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена со можност доколку е потребно да се продолжи, не значи дека ќе замре животот на граѓаните“, истакна Спасовски.

Премиерот уверува дека функциите на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови и порача дека правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам.

Рече дека вонредната  состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт ниту во делот на прехранбените продукти на граѓаните, ниту во делот на потребите за лекови на болниците и аптеките.

„Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и затворени објекти, за секоја нова мерка што ќе се носи јавноста ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства кој и како треба да се однесува“, појасни премиерот.

Спасовски упати порака до највозрасната популација да останат дома.

„Доколку имате некаква потреба обратете се до својата општина или во  Црвениот крст и побарајте помош. Остануваат препораките на Министерството за здравство, во објектите да се користат дезинфекциски и заштитни средства при секое излегување и контакт со трети лица. Лицата кои ќе почуствуваат симптоми на коронавирус да се јават на центрите за јавно здравје“, апелираше Спасовски.

Премиерот појасни дека воведената вонредна состојба не значи ново ограничување по автоматизам туку можност и олеснување на работата на Владата доколку е потребно да се донесе уредба со законска сила.

Секое непочитување на мерките и заклучоците на Владата, премиерот Спасовски реќе дека ќе биде најстрого санкционирано.

актуелно вонредната состојба Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.