Спасовски во седиштето на ЕВРОПОЛ

LinkSense.mk

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг. Како што објави Спасовски на неговиот фејсбук профил, ова е прва посета на министер за внатрешни работи од земјава на седиштето на ЕВРОПОЛ.

„На мое посебно задоволство, со Извршната директорката на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, заеднички договоривме да ја интензивираме соработката и поддршката на МВР во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период, објави министерот Спасовски.

Остануваме посветени на интензивирање на меѓународната соработка, пишува Спасовски и додава дека се отворени за унапредување на полициската соработката како со ЕВРОПОЛ, така и со сите други агенции за спроведување на законот ширум светот.