Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Ги заокруживме реформите во безбедносниот сектор
Македонија

Спасовски: Ги заокруживме реформите во безбедносниот сектор

јуни 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија веќе две години посветено и реализирано работи на исполнување на сите критериуми што се очекуваат од нас. Се заложивме да испорачаме резултати во реформите во клучни области од итните реформски приоритети како што се судството, борбата против корупција и организиран криминал, разузнавачките служби, реформата на јавната администрација.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој се обрати на вториот состанок на Управната група за преземени обврски за безбедност во рамки на Берлинскиот процес, во организација на Британското Министерство за надворешни работи и работи на Комонвелтот.

„Неспорно е дека безбедноста на разузнавачките служби има круцијална улога во заштитата на националната безбедност и почитување на владеењето на правото. Нивната цел е да се соберат, анализираат и пренесат информации што се неопходни за заштита на безбедноста, без разлика дали е тоа национална, регионална или глобална и за заштита на човековите слободи и права, со акцент на превентивната улога, рече Спасовски.

Покрај силно изразената политичка волја за целосно исполнување на препораките на Прибе, како што рече, силна мотивација со која се пристапи кон спроведување на реформите е враќање на довербата во државните институциите, довербата дека постапуваат почитувајќи го законот и во согласност со високи етички и професионалнистандарди.

„Исполнувањето на реформите во безбедносниот сектор беше еден од клучните предуслови за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. Првата спроведена реформа е онаа што ја направивме во следењето на комуникации со формирање на Оперативно-техничката агенција. Втората реформа е носењето на законите за Агенцијата за национална безбедност и Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјава. Во целиот овој процес најважно беше агенцијата да се постави врз начела и принципи што ќе овозможат формирање модерна и ефикасна служба по примерот на европските, да се одземат полициските овластувања и да се тргне превезот на тајната полиција, од која се плашат граѓаните, а сето тоа е процес за кој треба да се крева јавната свест, посочи Спасовски.

Преку конструктивен пристап, во соработка со опозицијата и следејќи ги насоките на нашите меѓународни партнери дојдовме до, како што рече, квалитетно законско решение, коe од една страна значи гаранција на човековите права и приватноста, а од друга страна креирање предуслов за силен механизам за ефикасна борба против организираниот криминал, тероризам и закани во глобални размери по безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

„По донесувањето на Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно –техничката агенција, и со донесувањето на Законот за агенција за национална безбедност ги заокруживме реформите во безбедносниот сектор што со години меѓународната заедница ни ги препорачува и се еден од условите на нашиот евроатлански пат, рече Спасовски.

Министерот Спасовски потенцира дека нашата држава е сигурен и стратешки партнер што знае да се придржува на договор, да ги исполнува своите обврски и очекува дека Република Северна Македонија ќе добие поддршка од земјите членки на ЕУ.

„Тоа е важно за и нас и за целиот овој регион. И добра порака за сите е дека овие простори треба да бидат во силно партнерство со ЕУ, рече Спасовски.

актуелно безбедносен систем реформи Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.