Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски до обвинителите: Охрабрете се, покренувајте постапки против секој што го прекршил законот независно од позицијата
Македонија

Спасовски до обвинителите: Охрабрете се, покренувајте постапки против секој што го прекршил законот независно од позицијата

јуни 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Никој не може да очекува дека граѓаните ќе имаат доверба во институциите на системот, ако носителите на функции, поранешни функционери, големи бизнисмени, луѓе со големи врски и во домашната и во меѓународната јавност не одговараат подеднакво пред законот како што одговараат останатите, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествуваше на тркалезната маса посветена на проектот „Безбедно дома“.

Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчершната изјава на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, кој смета дека министерот Спасовски не ги посочува судиите од неговиот суд кога вели дека судиите се одговорни за мерките за определување или неопределување притвор.

-Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето и сметам дека се имаме оградено од сите можни влијанија од надвор при носењето на одлуките. Ги носиме согласно доказите и препораките на Судот за човекови права во Стразбур и Европската комисија. Одлуките се избалансирани, правични и европски и токму тоа е нотирано во извештајот на ЕК, рече Џолев вчера средба со новинарите.

А Спасовски денеска упати апел до Јавното обвинителство и до јавните обвинители да се охрабрат да покренуваат постапки и против свои колеги и против судии, фунционери и против секој во земјава кој се огрешил пред законот. Ги повика и граѓаните да пријавуваат и да покренуваат постапки, нагласувајќи дека МВР им е партнер и додавајќи дека тој жестоко ќе се бори на политичката сцена секој да одговара подеднакво пред законот.

-Сите пред законот мора да бидеме еднакви. Секој што прави некаков пропуст, кривично дело ќе мора да одговара, ќе мора еднаш засекогаш да се напушти принципот на неказнивост. Тие што се „големи ѕверки“ во земјава треба да бидат исто третирани како секој обичен човек. Не може наутро едни да бидат апсени, а попладне некој да ги пушта, затоа што можеби имало влијание, рече Спасовски.

Додаде дека се согласува со Џолев дека одговорноста треба да има име и презиме и дека треба да се индивидуализира.

-Во судовите, обвинителствата и во сите органи на државна управа најголемит дел од луѓето се чесни, одговорни и професионалци, но постојат одреден број луѓе кои не се однесуваат професионално, можеби поради бизнис интереси, личните, партиските интереси им се поважни во нивното функционирање. Сакам таа одговорност да биде посочена со име и презиме да носат одговорност и тоа ќе биде поука за секој еден фукционер. Ќе дојде момент кога ќе посочуваат со име и презиме, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи неодамна во телевизиска емисија им порача на судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а засега ниту еден судија или обвинител не се препозна во неговата изјава.

Првиот обвинител Љумобир Јовески вчера исто така не реагираше на критиките на министерот, истакнувајќи дека кога обвиниелите не се задоволни од некоја судска одлука ја користат нивната единствена опција и поднесуваат жалба.

А обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која заедно со Јовески и Спасовски вчера во ЈО учествуваа на Конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“,  вели досега има постапка против еден судија, а има предистраги и истраги за други функционери и тоа пред се за економски криминал и копруција.

актуелно обвинители охрабрени покренување постапки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.