Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски – Жидан: Членството на С.Македонија во НАТО е голема победа
Македонија

Спасовски – Жидан: Членството на С.Македонија во НАТО е голема победа

февруари 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Влегувањето на Република Северна Македонија во НАТО е голема победа, силна поддршка и исчекор во евроинтеграциите, било истакнато на денешната средба на премиерот  Оливер Спасовски со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Дејан Жидан.

На средбата, како што соопшти владината прес – служба, присуствувале и вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски, претседателот на Комисијата за европски прашања на Државниот Збор на Словенија Игор Печек, претседателката на Групата за пријателство меѓу двете држави Ива Димиц, аташето за внатрешни работи при словенечката амбасада во Скопје Бранко Скрбник и амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец.

На средбата била изразена силна поддршка од Република Словенија за постигнувањата на нашата држава на реформски план, во добрососедските односи и за интеграциите во НАТО и во Европската унија.Констатирано е дека влегувањето на нашата земја во НАТО е голема победа на Република Северна Македонија, со оглед на условите што треба да ги исполни една држава за да стане земја членка на Алијансата.

Република Словенија, како што било нагласено, активно го поддржува отворањето преговори на нашата држава со Европската Унија. Споделени се искуства од Словенија за евроинтеграциските процеси и во таа насока упатен е апел до граѓаните на Република Северна Македонија да продолжат да веруваат дека тоа е правиот пат за земјата, којшто не е лесен, но носи подобрување на животот за сите. Констатирано е дека носењето на Законот за јавно обвинителство и отворената расправа за новата методологија на ЕУ во Унијата за прием на нови земји членки, се позитивни сигнали за натамошните определби кон проширувањето и европските перспективи на земјава.

Премиерот Спасовски се заблагодарил за континуираната поддршка на Република Словенија во сите важни демократски процеси на нашата држава, како и во евроатлантските процеси.

-Работиме да дадеме дополнителни позитивни аргументи дека нашето место е, како во НАТО, така и во Европската унија. Република Северна Македонија покажа дека може да решава специфични предизвици низ дијалог и да ја задржи јасната визија кон каде е определена да се движи, а тоа се интеграциите во НАТО и ЕУ. Ова се европски вредности покажани на дело и силна порака за целиот регион, чие што признание од
Европската унија ќе биде успех за сите, и за нашата земја, и за регионот и за самата Унија, посочил премиерот Спасовски.

На средбата било констатирано дека Република Северна Македонија и Република Словенија имаат пријателски односи во растечки тренд, без оптоварување со ниту едно билатерално прашање, што значи отворен простор за унапредување на соработката во економијата, земјоделството, животната средина, културата.

Заеднички е заклучено, како што стои во соопштението, дека денеска потпишаниот Меморандум за развој и соработка меѓу владите на двете држави, за периодот 2020-2021 година е пример на добрата соработка.

Потписниците на меморандумот, вицепремиерот Бујар Османи и словенечкиот амбасадор, Милан Јазбец, по потпишувањето информираа дека станува збор за два милиона евра што Владата на Република Словенија ги дава на Република Северна Македонија за кофинансирање инфраструктурни објекти, како што е водоснабдувањето во некои општини, како и за поддршка на цивилниот сектор во евроинтеграцискиот процес.

Посебно е нагласено дека продолжува можноста, средношколци од нашата земја да можат да студираат во Словенија под исти услови како словенечките млади луѓе, со што се отвора можност за зголемување на бројката од околу 1000 студенти од Република Северна Македонија, кои веќе студираат во Република Словенија.

актуелно жидан НАТО С. Македонија Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.