По повод 23 години од загинувањето на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски, кои во 2000 година ги загубија животите во вооружен напад во Арачиново, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со раководството на СВР Скопје положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите кој се наоѓа во кругот на полициската станица „Гази Баба“ во Автокоманда.
На спомен обележјето на Петрушевски, Готак и Ангеловски свежо цвеќе положија и членови на нивните семејства.