Спортски камп за децата од дијаспората

Во органзиација на Агенцијата за иселешништво од денеска до 10 август во Струга ќе се одржи првиот Спортски камп посветена на децата од дијаспората.

Основната цел за реализација на овој Спортски камп е промоција на земјата пред децата на иселениците и запознавање со нивната татковина и мајчиниот јазик, како и поттикнување за здрав живот и спортска активност уште од најраната возраст.

Децата ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични искуства и знаења поврзани со кошарката, ракометот и фудбалот, да другаруваат со професионалните спортисти од Женскиот кошаркарски клуб „Струга“, Женскиот ракометен клуб „Стружанка“ и Фудбалскиот клуб „Караорман“ и да се стекнат со знаења за здрава исхрана, пренесена од страна на професионални нутриционисти.