Срамнета со земја урнатата зграда во Мајами

Остатоците од делумно урнатата зграда во Мајами синоќа се урнати до темел поради евентуалната тропска бура Елза, што денеска и утре се предвидува да стигне до западниот брег на Флорида откако ја погоди Куба.

Пред 11 дена се урна станбенатра зграда во Мајами, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 121 лице се водат како исчезнати.

Прославата на Денот на независноста на САД беше откажана во Мајами, а истрагата се уште не откри што доведе до уривање на 12 катната зграда, но инженерите укажаа на структурни недостатоци, што би можеле да ја предизвикаат несреќата.