Срби и Хрвати во Вуковар играа фудбал за болно момче

Фудбалерите на вуковарските клубови ХНК Вуковар ’91, кој има префикс хрватски и Вутекс Слога, кој има назив српски, одиграа хуманитарен натпревар за помош на седумнаесетгодишниот Василиј Сентиванац, кој заболел од акутна леукемија, а играл за двата клуба.

Жителите на Вуковар на овој начин покажаа дека нивниот град може да испрати сосем поинаква слика од оние на кои се навикнати, за искршени двојазични табли, меѓунационална напнатост и политички препукувања.

„Натпреварот е организиран за да им помогнеме на Василиј и на неговото семејство. Со неговиот татко, кој е Србин по националност, со години работев и овој натпревар е само еден од резултатите на тоа пријателство. Сакаме да му помогнеме колку што можеме на ова момче кое играше за двата клуба, рече иницијаторот за натпреварот Давор Томиќ, инаку хрватски бранител, учесник во војната.

plakat

Двата големи градски спортски ривали, чии меѓусебни натпревари секогаш значеле нешто повеќе, уште еднаш ги одмерија силите, при што како никогаш до сега не беше важен резултатот.

Славко Бакета, тренер во Фудбалската школа „Мали виковарец“, при ХНК Вуковар ’91, рече дека целта на натпреварот бил да покажат дека Васо не е сам, и дека животот мора да се живее, и тоа без поделби.

„Во нашиот клуб не е важно кој од која националност е. Секој наш член е пред се играч без оглед дали се работи за Хрват, Србин … Впрочем, во текот на годиниве имавме повеќе играчи од српска националност, а некои беа и капитени“, вели Бакета.

hnk-vukovar

Еден од нив е даниел Спасиќ, кој пред неколку години бил капитен на ХНК Вуковар ’91, а денес е капитен на Вутекс Слога.

„Овде сме да му помогнеме на Василиј, а ова е најмалку што можеме да сториме.вуковар треба да се соедини. И тоа не само во вакви случаеви, туку во секој поглед. Не е важно кој е што, минатото е нешто што се случило, но ние денес живееме за иднина. Треба да се држиме заедно за опстанок на градот“, рече Спасиќ.

Заменикот на градоначалникот на Вуковар, Маријан Павличек, истакна дека натпреварот е знак дека Вуковар живее нормално, и покрај низата специфичности, и дека има уште многу слични позитивни примери.