Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев-Рот: Македонија останува посветена на испорака на европски вредности и заслужува признание за спроведувањето на реформите
Македонија

Средба Заев-Рот: Македонија останува посветена на испорака на европски вредности и заслужува признание за спроведувањето на реформите

мај 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска го прими во посета државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Михаел Рот, придружуван и од амбасадорот на Германија во нашата земја Томас Герберих.

На средбата во Владата на Република Македонија, премиерот Заев и државниот министер Рот ја афирмираа заедничката согласност за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји, како за целата силна и искрена поддршка што Сојузна Република Германија ја посветува на Република Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

На средбата се истакнаа најновите трендови на внатрешен политички план во Република Македонија , која активираше сеопфатни процеси за да ја преобрази „заробената држава“ во општество со функционална демократија.

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Сојузна република Германија се задржаа и на прашањата за идната динамика на реформите во нашата земја, на односите со соседите и во регионот, како и на актуелниот момент од разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име.

Државниот министер Рот на средбата со премиерот Заев и со делегацијата на Владата на РМ истакна дека од Република Македонија сега пристигаат добри вести, и дека позитивната препорака на Европската комисија до Европскиот Совет државата да добие датум за преговори за членство во ЕУ, е резултат на силната заложба на Владата на РМ за спроведување на реформите.

Веднаш после билатералната средба меѓу двете делегации, премиерот Заев и државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Сојузна република Германија одржаа и заедничка прес конференција.

На прес конференцијата премиерот Заев информираше дека заедно со државниот министер Рот споделиле  заедничка констатација дека постигнатите резултатите на Република Македонија се исход на бескомпромисна политичка волја за трајни реформи, и за афирмација на заедничките водечки вредности како што се демократија, владеење на правото, независни институции и слободни медиуми.

„Тоа не прави да останеме максимално посветени на реформите во континуитет. Максимално посветени остануваме и на планот на добрососедските односи и регионалната соработка. Европа ја препозна Република Македонија како земја која воведе нов дух во соседските односи. Секогаш отворени за дијалог врз основа на взаемна доверба и почит, фокусирани во тој дијалог да оствариме позиции победа-победа за двете страни“ истакна премиерот Заев на прес конференцијата, и додаде дека амбицијата на Република Македонија е покана за влез во НАТО и започнување на преговори за пристап со ЕУ во 2018 година.

„Македонија е мала земја, но голема надеж за Балканот. Нашата земја може да биде позитивен пример и да ги охрабри другите да ги удвојат напорите за реформи и надминување на споровите. Нас особено ни е значајно сознанието до кое стигнаа највисоките лидери на ЕУ дека доколку биде доведена во прашање иднината на членството во ЕУ и НАТО, тоа ќе ја доведе во прашање и безбедноста на регионот и на Европската Унија“, нагласи премиерот Заев и потенцираше дека Република Македонија верува дека лидерите на ЕУ го препознаваат моментот дека времето на Република Македонија да ѝ биде дадена европската перспектива е сега, оваа година.

На заедничката прес конференција државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Сојузна република Германија Михаел Рот оддаде признание за досегашните остварувања на Република Македонија и додаде дека Сојузна Република Германија и другите земји членки на ЕУ и партнери на земјата очекуваат реформите да продолжат со истата динамика.

Посебно е важно, нагласи Рот, прашањето за името да се реши годинава, и  Република Македонија да продлжи да испорачува и понатаму посветеност во борбата против корупцијата, практицирање на владеење на правото и правната држава, за да ги увери сите земји членки на ЕУ дека Република Македонија го избрала европскиот пат.

 

актуелно германија ЕУ Заев македонија Рот
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.