Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев – Ханеда: Државата продолжи по правиот пат со отворени перспективи
Македонија

Средба Заев – Ханеда: Државата продолжи по правиот пат со отворени перспективи

септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изборот на напредок и продолжување на реформите од страна на граѓаните го овозможи членството во НАТО и отвори натамошни перспективи за земјава, констатираа на денешната средба премиерот Зоран Заев и амбасадорка на Јапонија во нашата држава Кеико Ханеда, која го завршува својот мандат во земјава.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата се изразени честитки за повторното именување на Заев на премиерската позиција и за изборот на новата Влада, при што ссе оценети како големи постигнувањата на договорите со соседите и е изразена почит кон напорната работа на премиерот Заев како на меѓународен план, така и на домашен план, со цел обезбедување подобар живот на граѓаните.

– Нашата држава продолжува по правата насока. По НАТО, во очекување сме на првата меѓувладина седница во Брисел којашто ќе значи практичен почеток на преговорите со ЕУ. Во меѓувреме насочени сме кон економијата, помош и поддршка на граѓаните и стопанството во здравствено-економската криза и создавање услови за економски развој.

Договорите со соседите овозможија посилна регионална соработка, што се одразува поволно и на економски план. Исто така, работиме и на зајакнување на институционалните капацитети во сите области, посебно во образованието и во здравството. Формиравме стабилна Влада, има мотивација и енергија кај министрите за работа и очекуваме натамошен напредок на државата, изјави на средбата премиерот Заев.

Тој изразил благодарност за големото пријателство со Јапонија, посебно што оваа држава е еден од најголемите донатори во нашата држава за проекти од интерес на секојдневниот живот на граѓаните, а која продолжува и со најавата за нова јапонска помош од над 800 илјади евра за развој на јавното здравство во земјава.

Констатирано е дека двете држави споделуваат позитивна историја уште од времето кога Јапонија помогна во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес. Јапонската амбасадорка пренела благодарност за помошта од нашата држава кон Јапонија за време на поплавите во 2018 година.

Заеднички е оценето дека солидарноста го покажува вистинското пријателство, дека тоа продолжува да се развива, за што има придонес и тоа што Јапонија, за прв пат, преку амбасадорката Ханеда, од 2017 година, одлучи ја покрива државава со резидентен амбасадор во земјава.

– На состанокот е заклучено дека во изминатиот период се бележи зацврстување на културните односи меѓу Северна Македонија и Јапонија и се изразени определби за интензивирање на билатералната соработка во економијата, преку споделување позитивни пракси од Јапонија, како економски развиена држава, со голема традиција и работлив народ, како и отворање можности за поголемо присуство на јапонските бизниси во земјава, се додава во соопштението на владината Прес-служба.

актуелно држава Заев перспективи хенеда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.