Наплатата на патарините меѓу Србија и Хрватска ќе биде интегрирана од септември, најави Владата на Србија по потпишувањето на Меморандумот за деловна соработка меѓу „Патишта Србија“ и „Хрватски автопати“.
Овој документ ќе овозможи воедначена наплата на патарините на автопатиштата низ двете земји.
Меморандумот го потпишаа Зоран Дробњак, генерален директор на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, и директорот на „Хрватски автопати“, Борис Хузјан.
Во Србија има околу 700.000 корисници на електронски картички за наплата на патарина, а ги има повеќе од оние кои плаќаат патарина во готово.
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, објасни дека од септември возачите од Србија и Хрватска без чекање ќе поминуваат низ наплатните пунктови во двете земји, потсетувајќи дека процесот на интегрирана наплата меѓу Србија и Македонија започна на почетокот на јули.