Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стартува кампањата за парламентарните избори
Македонија

Стартува кампањата за парламентарните избори

април 18, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во ек на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните четири дена, вклучувајќи го и денешниот, по што на 22 април настапува 48-часовниот молк за претседателските избори.

И покрај молкот за претседателските, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во текот на овие два дена – ситуација која претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, неодамна ја нарече уникатна и единствена досега во изборните циклуси.

Кампањата за изборите за пратеници ќе трае до 6 мај по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај – денот на одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Партиите и коалициите ќе ги претстават изборните програми

Со низа настани и активности од денеска, па до крајот на кампањата на 6 мај, партиите и коалициите ќе ги претстават своите изборни програми и кандидати за пратеници кои ги номинираат во изборните единици.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја почнува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ кој ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје. Карванот на СДСМ и коалицијата, кој ќе го предводи партискиот лидер Димитар Ковачевски заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници, во текот на денот ќе продолжи во Гевгелија и Демир Капија.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, пак, кампањата за парламентарните избори ќе ја започнат со митинг во Охрид, а таму ќе се претстави и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ почетокот на кампањата за изборите за пратеници ќе го означи со активности во Скопје, а претседателскиот кандидат Бујар Османи вечерва ќе одржи митинг во Куманово.

Велес е почетната точка од каде што партијата Левица ја почнува својата кампања. Оттаму ќе се обратат лидерот и пратеник Димитар Апасиев, кој е носител во првата изборна единица, и пратеникот Борислав Крмов, носителот во изборната единица 3. Својата изборна кампања во Велес денеска ќе ја претстави и претседателската кандидатка поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска.

Коалициајта „Вреди“ на опозициските партии на Албанците ќе одржи прес-конференција во штабот во Скопје на која ќе се обратат носителите на листите за кандидати за пратеници во сите изборни единици, како и претседателскиот кандидат Арбен Таравари.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите.

На еден ден пред почетокот на кампањата, вчера во Собранието беше потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. На чинот беа присутни претставници на повеќето политички партии и коалиции кои ќе учествуваат во изборната трка за место во законодавниот дом, но не сите ставија потпис на Кодексот. Отпорот главно дојде од помалите политички субјекти, а главната причина за ваквата нивна одлука, како што рекоа дел од нив, е неправедната распределба на средства од државниот буџет за изборен маркетинг на политичките партии.

актуелно избори кампања парламентарни старт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.