Стејт Департметот ги советува Американците: Не патувајте во Германија, Данска, Хрватска…

LinkSense.mk

Американскиот Стејт Департмент предупреди да не се патува во Германија заради забрзаното ширење на корона вирусот во таа земја, а на списокот на високоризични држави се наоѓаат и Данска и Хрватска.

Предупредувањето на Стејт Департментот на ниво 4 против патување во Германија е поврзано со најновата проценка на состојбата на американскиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

„Одбегнувајте да патувате во Германија“. Ако веќе морате да одите таму, осигурајте се пред патувањето да бидете целосно вакцинирани“, советуваат од Центарот.

„Заради моментната состојба во Германија дури и на потполно вакцинираните им се заканува ризик да добијат и да шират ковид-19“, се наведува во соопштението на ЦДЦ.

Германија се соочува со пораст на бројот на заразени заради што и медицинските експерти и канцеларката Ангелка Меркел предупредија дека болниците во некои региони се преполни.

Бројот на нови случаи на зараза во земјата двојно се зголемува на секои 12 часа.

Германија и Данска се меѓу државите за кои е објавено предупредување на ниво 4, што е највисок степен на скалата на Центар за спречување на болести на Соединетите Американски Држави.

Предупредување на ниво 4 се применува и за други држави во Европа моментно тешко погодени со пандемијата, меѓу кои се елгија, Хрватска, Унгарија, Австрија и Холандија.

За Франција и Италија се применува ниво 3, во рамки на кое патниците се повикуваат да ги разгледаат своите планови за патување.

Пред пандемијата највисок степен на предупредување беше главно резервиран за државите како што се Авганистан и Ирак, во кои траат кризи и судири.