Стигнаа првите проценки: Новиот претседател на Франција е Емануел Макрон

АФП, Фигаро и  Парисијен веднаш по затворањето на избирачките места објавија дека новиот претседател на државата, судејќи според се, е лидерот на движењето „За марш“, Емануел Макрон, кој освоил меѓу 65,5 и 66,1 отсто од гласовите, додека Ле Пен доби помеѓу 33,9 и 34,5 отсто.

Белгиската телевизија РТБФ, исто така, ја објави победата на Макрон, наведувајќи дека според нивните прогнози освоил меѓу 62 и 65 отсто.

Првите официјални информации за вториот круг од претседателските избори се очекуваат околу 21 час.