Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Столтенберг: Најдобар одговор против лажните вести е конкретната помош од НАТО
Македонија

Столтенберг: Најдобар одговор против лажните вести е конкретната помош од НАТО

април 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се осврна на проблемот со лажните вести кои циркулираат посебно на Балканот во врска со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Столтенберг пренесе дел од излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која учествуваше на денешниот виртуелен министерски состанок, токму во контекст на борбата против дезинформациите.

– Земјите од западниот Балкан добија поддршка од земјите сојузнички на НАТО, посебно Северна Македонија, за чија министерка ова беше прв министерски состанок за одбрана како полноправна членка и министерката Шекеринска наброја колку земји сојузнички на НАТО и дале конкретна поддршка, како Холандија, САД, Чешка, Норвешка и други, изјави генералниот секретар на НАТО.

Тој посочи дека земјите сојузнички на НАТО во регионот се мета на дезинформации од странски извори пред сѐ во однос на тоа колкава помош примаат од Алијансата, но и од ЕУ.

Столтенберг порача дека на тој вид пропаганда најдобро е да се одговори со конкретни дела на поддршка, наместо со реторика.

Тој потсети дека токму на Северна Македонија и се обезбедени, меѓу другото, медицинска опрема, полски болници финансиска поддршка за борба против пандемијата на Ковид-19.

– Како земји сојузнички на НАТО најдобриот обид да се одговори на дезинформациите е преку конкретна поддршка, со нашето делување испраќаме јасна порака дека обезбедуваме поддршка за сојузниците, рече генералниот секретар на Алијансата.

Тој најави дека со врховниот командант генерал Волтерс се разговара и за дополнително зголемување на поддршката и за Северна Македонија и за другите земји членки на НАТО во регионот.

актуелно лажни вести НАТО помош столтенберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.