Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стопанската комора бара да се одложи примената на новиот закон за зелени пазари
Економија

Стопанската комора бара да се одложи примената на новиот закон за зелени пазари

декември 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стопанската комора бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелените пазари, што треба да почне од 1 јануари идната година. Како што велат, причината е неможноста да се применат некои негови  членови поради ненавременото носење на подзаконските акти и немањето дефинирани услови како ќе изгледа лиценцата за вршење дејност.

Како што информира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, барањето за одложување на законот од комората минатата недела официјално е доставено до министерот за економија Крешник Бектеши, но се уште немаат добиено одговор. Се надеваат дека во следните две недели ќе имаат работна средба со министерот, во спротивно велат, дека примената на законот може да придонесе кон „еден вид незаконско работење на организаторите на пазарите“.

„Законот е донесен по брза постапка во јануари годинава, а комората не беше консултирана. Се предвидуваше подзаконските акти да се донесат до април, а беа донесени во септември. Сметаме дека три месеци се недоволен период организаторите на пазари да се прилагодат на новите одредби и да го усогласат своето работење и дека треба да претрпат сериозни измени неколку членови од законот. Додека не бидат направени измените законот реално не може да функционира онака како што е сега поставен поради што сметаме дека треба да биде одложен за некое време, рече  Михајловска Василевска на деншната прес-конференција.

Нагласи дека бараат да се прошири можноста кој се може да тргува на зелените пазарите и да се отстрани од законот делот  кој кажува дека не можат да закупат тезга трговците поединци, како и лицата кои остваруваат доход по основ на работен однос, пензија и преку договор на дело. На тој начин, потенцира, сметаат дека  ќе се намали за 30 отсто бројот на лицата кои закупуваат тезги и прометот на зелените пазари.

Како второ  го истакнуваат барањето легитимацијата за закупците на тезги да не се врзува со бројот на тезга, бидејќи коморските здруженија немаат право да одредуваат кој број на тезга ќе му го даде организаторот на пазарот на закупецот.

Третото барање е сите три комори на закупци на тезги да можат да издаваат лиценци за тезги, а не само една како што е предвидено во законот и на тој начин да се овозможи плурализам.

Четврто барање на комората е да му се овозможи на трговецот што е носител на лиценцата да може да ја пренесе легитимацијата на член на потесното семејство доколку од објективни причини биде спречен да ја врши дејноста, а петтото да се предвиди можност со една издадена легитимација да може да се закупат повеќе тезги на ист пазар во иста општина.

Таа посочи дека по серијата заеднички интервенции на надлежните институции полека се напушта трендот на диви пазарџии иако, како што кажа, во Велес се уште претставуваат сериозен проблем и голема нелојална конкуренција на закупувачите на пазарите.

Во Македонија има од 20 до 25 илјади закупци на тезги на пазарите.

закупци одлагање пазари стопанкса комора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.