Страотна сообраќајка во Мали, загинаа 41 лице

Најмалку 41 лице загинаа денеска во сообраќајна несреќа на југот на Мали кога патнички автобус се судри со камион.

Повредени се 33 патници кои се превезени во болница во градот Сего кој се наоѓа на 20 километри од местото на несреќата, објави Ројтерс.

Од силината на ударот автобусот речиси се преполовил, а од фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како патни торби и други работи се расфрлани по патот.