Страшни поплави во Јужна Африка, најмалку 430 загинати

LinkSense.mk

Социјалниот центар е дом на околу 300 луѓе кои останаа без покрив над главата во поплавите во провинцијата КваЗулу-Натал, во кои загинаа најмалку 430 луѓе, илјадници се раселени и предизвикана е штета проценета на 685 милиони долари.

Многумина се трауматизирани или ожалостени, други се чувствуваат поразени и не можат да почнат да ги обновуваат своите животи, рече Нокутула Шанду, консултант во медицинската добротворна организација Лекари без граници.

Од Калифорнија до Индија, екстремните временски настани поврзани со климатските промени – поплави, суши и шумски пожари – сè повеќе ќе влијаат на менталното здравје на луѓето, барајќи специјализирана грижа од локалните власти, велат експертите.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)