Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Строги мерки во Германија: Се затвараат кината, базените, се ограничуваат дружењата
Европа

Строги мерки во Германија: Се затвараат кината, базените, се ограничуваат дружењата

декември 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Германија се воведуваат строги мерки за забавување на бранот инфекции со Ковид-19 предизвикан од варијантата „омикрон“.

Од денеска се во сила ограничувања за собири во затворени простори и на отворено, а во неколку сојузни држави се затвараат теретаните, спортски сали, базени и ноќни клубови. Рестораните и кафулињата ќе работат пократко.

Новогодишниот огномет, кој традиционално се одржува на отворено во повеќето германски градови, откажан е втора година по ред.

Ограничувања на приватни собири

Се воведуваат ограничувања и за приватни собири во оние делови од земјата каде ова правило не е воведено пред Божиќ. Забранети се собири на повеќе од десет лица, како на отворено, така и во затворени простории, а во оваа бројка не се вклучени децата помлади од 14 години.

Сепак, оваа мерка важи само за оние кои се вакцинирани или ја прележале инфекцијата со Ковид-19. На оние кои не се вакцинирани дозволено им е да се дружат со најмногу две лица од други домаќинства.

Останува на сила обврската за носење маски, која беше воведена пред речиси една година, во продавниците и јавниот превоз, како и покажување потврда за вакцинација.

Би можело да има до 700.000 случаи на ден

Досега, целосно се вакцинирани речиси 71% од Германците, додека нешто помалку од 36% примиле бустер доза.

Пред Божиќ, канцеларот Олаф Шолц постави цел до 7 јануари да се вакцинира 80 отсто од населението. Но, Владата денеска соопшти дека тоа ќе биде тешко остварливо и дека ќе се обиде планот да го спроведе до крајот на јануари.

Германскиот министер за здравство, Карл Лајтербах, повеќе пати рече дека внимателно ги следи случувањата во Велика Британија и дека разговара со тамошниот колега за да ги следи случувањата во земјата каде што „омикрон“ се појави две до три недели порано отколку во Германија.

Варијантата „омикрон“ досега е забележана во сите 16 германски покраини, но сè уште не станала доминантна.

Експертите предупредуваат дека Германија може да има до 700.000 случаи на зарази дневно, што може да резултира со нов локдаун.

На сила остануваат и претходно донесените мерки

Вирологот Кристијан Дростен од болницата „Шарите“ во Берлин вели дека „прашање е дали овие мерки ќе функционираат“. Ако не функционираат, тој предложи да се даде поголема слобода на граѓаните кои примиле бустер доза и имаат поголема заштита од оние кои биле двапати вакцинирани.

Маркус Содер, лидерот на Баварија, смета дека да се намали периодот на изолација на пет дена во случај лицето да нема симптоми бидејќи во спротивно може да има проблеми со функционирањето на системот.

На сила остануваат донесените мерки за ограничување на пристапот до работното место и јавниот превоз само за вакцинирани лица, оние кои имале коронавирус или оние кои се негативни на тестот, како и мерките за пристап во објектите за малопродажба само за вакцинирани лица или оние кои прележале ковид, при што во тоа не се сметаат маркетите и аптеките.

Останува на сила и забраната за продажба на пиротехнички средства.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно вирус германија ковид корона локдаун мерки Омикрон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.