Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Студија: Една четвртина од македонските туристи во странство плаќаат со картичка
Економија

Студија: Една четвртина од македонските туристи во странство плаќаат со картичка

август 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Околу 24 проценти од македонските туристи кои патуваат во странство за плаќање ја користат својата платежна картичка, покажа најновото издание на студијата MasterIndex Mastercard.

Истражувањето ги покажува туристичките и финансиските навики на Македонците кога патуваат во странство, како што се причините за патувањето, како и колку често ги користат картичките.

Вкупно 22 отсто од испитаниците на MasterIndex во странство патуваат двапати годишно, 21 отсто – еднаш годишно, а 18 проценти најмалку еднаш во три месеци.

Триесет проценти од сопствениците на картички воопшто не патуваат во странство.

Македонците ретко патуваат во странство за работа, односно од вкупно 77 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека планираат да патуваат во странство во текот на 2019 година, само десет отсто од испитаниците најавиле дека ќе имаат службено патување.

Најчеста причина за патување е годишниот одмор со 57 проценти, додека за посета на семејството во странство се изјасниле само осум проценти.

Како што покажуваат резултатите од студијата, кога патуваат во странство, повеќето Македонци потврдуваат дека платежните картички се безбеден начин за плаќање, односно повеќето од испитаниците (60 отсто) изјавиле дека плаќањето со картички во странство е безбедно.

Сепак, 74 проценти од испитаниците кога патуваат во странство плаќаат во готовина.

Останатите 24 отсто се потпираат на платежните картички кога плаќаат и тоа, 14 отсто користат само дебитна картичка за плаќања во странство, пет проценти само кредитна картичка, додека други пет отсто најчесто користат платежни картички и други средства за безготовинско плаќање.

Сопствениците на картички кои не користат исклучиво готовина кога патуваат во странство сметаат дека придобивките од користење платежни картички се многубројни.

Според 48 отсто од нив, картичките се попогодни за користење од кешот (готовината), а според 43 отсто можноста за плаќање со картичките е достапна насекаде.

Речиси 29 проценти од испитаниците претпочитаат да не носат готовина со себе и
исто толку, 29 отсто се чувствуваат побезбедни кога користат само картички.

Додека се во странство, испитаниците се потпираат на различни мерки за да ја зголемат безбедноста при користење на картичките.

Главно се потпираат на тоа да не ги носат со себе истовремено сите средства за
плаќање – 34 отсто, додека 18 проценти земаат само една картичка или картичка поврзана со сметка во странска валута.

Околу 16 отсто го паметат ПИН бројот наместо да го запишат, 14 проценти имаат вклучено СМС известувања за плаќањата, осум отсто не користат јавно достапно WIFI за плаќања преку Интернет, а седум проценти ја известуваат банката за патувањето.

Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, вели дека потрошувачите ја ценат безбедноста, брзината и погодностите кои картичките ги нудат во секојдневните активности додека патуваат.

„Потрошувачите сѐ уште се запознаваат со можностите кои платежните картички ги нудат за оние кои патуваат во странство. Нивните навики се менуваат, а наша мисија е да им понудиме безбеден и сигурен производ што ќе ги задоволи нивните потреби и очекувања“, вели Манова.

Навиките во пазарењето дома и во странство кај испитаниците се многу различни.

Во државава дебитните картички најчесто се користат за купување храна (58 отсто), како и за повлекување готовина од сметката (42 отсто), облека (20 отсто) и плаќање сметки и бензин по (15 отсто).

Додека кредитни производи, како пригоден начин за одржување на дополнителни
средства или отплата на рати, најчесто се користат за купување мебел и апарати за домаќинство (31 отсто), храна (30 отсто), повлекување на готовина (24 отсто) и облека (17 отсто).

Во странство, Македонците главно користат платежни картички за купување – 53 отсто, плаќаат за сместување – 48 проценти, оброци и пијалоци – 43 отсто и значајно помалку за купување подароци – 20 отсто, покажуваат резултатите од студијата.

MasterIndex Северна Македонија е годишна студија за финансиските потреби и навики на активни корисници на картички во државава.

Ова е прво истражување на MasterIndex спроведено во земјата, кое траеше во
април и мај и беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани низ цела држава.

Истражувањето беше спроведено од истражувачката агенција МасМи.

картичка македонски туристи странство студија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.