Сугарески поднесе оставка во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори

LinkSense.mk

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, пишува Сугарески на својот Фејсбук профил.

„Тој вели дека извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија.

Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.