Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судир меѓу демонстрантите и полицијата пред просториите на владејачката Ликуд во Израел
СВЕТ

Судир меѓу демонстрантите и полицијата пред просториите на владејачката Ликуд во Израел

август 18, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По синоќешниот масовен митинг во Тел Авив за поддршка на заложниците стотици демонстранти се упатија кон блиското седиште на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, каде што запалија логорски оган и се судрија со полицијата.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата насилно ги потиснува демонстрантите кои удираат тапани и извикуваат антивладини пароли, објавува „Тајмс оф Израел“.

Претходно, израелската полиција соопшти дека синоќа околу 220.000 луѓе се собрале на Плоштадот на заложниците во Тел Авив и околните улици на протест организиран од Форумот на семејства на заложници и исчезнати.

Околу 150.000 луѓе се собраа на плоштадот, додека уште 70.000 се придружија на маршот, кој, заедно со членовите на семејствата на заложниците, започна од железничката станица Савидор до местото на собирање, објавува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, Форумот соопшти дека речиси 500.000 луѓе се собрале на Плоштадот на заложниците во Тел Авив и околните улици, барајќи владата да постигне договор за ослободување на заложниците што ги држат палестинските милитантни групи во Појасот Газа.

Во соопштението на Форумот се наведува дека „скоро 500.000 луѓе дојдоа да испратат јасна порака – целиот израелски народ сака ослободување на сите заложници и крај на војната“.

Форумот, исто така, објави дека околу еден милион луѓе учествувале во десетици протести низ целиот Израел во текот на денот.

„Семејствата на заложниците сакаат да му кажат на народот на Израел – ви благодариме! Отсега, ние ќе ја продолжиме нашата борба уште посилно. Останете со нас додека не се врати последниот заложник!“, рекоа од Форумот.

Собирот претставува завршница на масовните протести и штрајкови низ целата земја, со кои се изразува противење на одлуката на владата да ја прошири војната во Појасот Газа.

актуелно демонстранти Израел ликуд полиција судир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.