Судот во понеделник ќе направи нов обид да му го достави решението на Груевски

LinkSense.mk

Судот во понеделник ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет, информираат од Кривичниот суд.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.