Мундијалот во Катар се ближи. Најважната споредна работа на светот ќе се претвори во главна од 20 ноември до 18 декември.
Сите со нетрпение чекаат да видат кој ќе го подигне трофејот наменет за најдобриот.
Суперкомпјутерот пресметал дека светски првак ќе биде Аргентина, што би значело дека Лионел Меси конечно ќе го подигне пехарот што му недостига, за во очите на некои да го надмине Диего Марадона.
Тој е во неверојатна форма во пресрет на турнирот во Катар и затоа Аргентина, според мислењето на многумина, е фаворит, посебно ако се знае како ги предводеше Лионел Скалони кога минатата година конечно стигнаа до толку очекуваната титула на Копа Америка.

Аргентина беше светски првак во 1978 и 1986 година, играше и во финалето на турнирот во 2014 година во Бразил, кога беа поразени од Германија со голот на Геце, додека претходното светско првенство во Русија беше целосна катастрофа за нив.
„Ако и веруваме на вештачката интелигенција која користеше податоци за сите репрезентации, квалитетот на играчите, нивната форма, распоредот и позицијата на ФИФА-листата, која често не мора да биде пресудна, Аргентина ќе се радува на Светското првенство во Катар“, се наведува во истражувањето на агенцијата „БЦА рисрч“ (BCA Research).
Прогнозите велат дека треба да играат против Португалија во финалето (замислете Меси против Роналдо за титулата), а ако тоа навистина биде така, ни претстои вистински спектакл.
(Фото: АП)







