Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЈО ќе биде инкорпорирано во ОЈО и надлежно за висок профил на корупција и криминал
Македонија

СЈО ќе биде инкорпорирано во ОЈО и надлежно за висок профил на корупција и криминал

март 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во идина да биде дел од Основното јавно обвинителство, но автономно и задолжено да гони висок профил на корупција и криминал и да биде надлежно за гонење на избраните или именувани функционери, предвидува Предлог-законот за СЈО што беше усвоен од Владата и за чие донесување е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието.

„СЈО си го заслужи местото во институциите на државата. Покрај тоа што ќе продолжи да работи во неограничен мандат, најважно е што протокот на предметите што ги работеше досега нема да заврши со ниедно законско решение. Тоа значи дека без разлика дали ние ќе ги работиме одредените предмети или Обвинителството за организиран криминал, сите предмети се активни и се работат, изјави вчера специјалната обвинителка Катица Јанева.

Посочи дека од првиот момент кажала дека „бомбите“ секогаш биле проблематични, уште во моментот кога не биле признати од страна на судот како доказни средства и нагласи дека СЈО секогаш во своите истраги и предистраги се трудело да прибави колку што може повеќе материјални докази и искази од сведоци за конкретните настани поврзани со „бомбите“.

„Бомбите“ ги олеснуваа и појаснуваа некои работи во склоп на сите други материјални и вербални докази, но сметам дека и начинот на работа без „бомби“ е предизвик за специјалните јавни обвинители и ќе се потрудиме да бидеме на висина на задачата, рече Јанева.

Министерката за правда Рената Дескоска порача дека се уште не е потврдено неопходното двотретинско мнозинство за носење на законот во Собранието, но додаде дека на ниво на владината коалиција успеале  да постигнат согласност за текст што, како што потенцира, дава целосна одржливост на СЈО, го претвара во траен органи не нуди никаква скриена амнестија.

Според неа, согласно новиот закон продолжуваат сите постапки што се почнати пред СЈО и што се во фаза на обвинение или во фаза на истрага или предистрага, со тоа што доказите што се собрани врз основа на овие постапки остануваат валидни.

„Употребата на прислушкуваните материјали е ограничена за оние обвиненија што се покренати во првите 18 месеци. Во консултации со странски експерти и со СЈО, дојдовме до заклучок дека практично во предметите што се отвораат по 18 месеци реално и нема неопходна потреба од користење на аудиоматеријалите како доказ, бидејќи тие се користени како индиција преку кои потоа СЈО доаѓало до други докази што можат задоволително да послужат за докази во судските постапки. Од тие причини нема да има нарушување на  квалитетот на водењето на судските постапки ако не се користат во овие постапки овие аудио материјали, рече Дескоска.

Таа објасни дека законот, што завчера беше пратен во собраниска процедура, мина низ широки консултации и додаде дека со законските измени СЈО ќе биде задолжено за корупција кај високи функционери со што ќе се разграничи од постапките што ќе ги води ОЈО за организиран кримнал.

„Правени се консултации со СЈО, со странски експерти и други обвинителства, при што е утврдено дека нема ни еден предмет да пропадне заради преодните одредби дадени во законот, рече Дескоска.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека новиот закон за Јавно обвинителство, во кој е инкорпорирано СЈО, содржи добри одредби кои овозможуваат натамошно функционирање и на СЈО и на ЈО.

„Се она за што не ќе може да постапува СЈО, а што ќе може да се води, ќе го преземе надлежното обвинителство, согласно кривичното дело за кое се водат постапките, порача Јовески.

актуелно инкорпорирано ОЈО СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.