(ВИДЕО) Талибанците „освоија“ теретана

После превземањето на власта во Авганистан, припадниците на движењето „Талибан“ се снимени како вежбаат во теретана која, како што се наведува на социјалните мрежи, се наоѓа во претседателската палата.

Снимката на која се гледа како Талибанците неспретно вежбаат стана хит на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Талибанците во неделата влегоа во престолнината на Авганистан, Кабул. После тоа организирана е итна евакуација на дипломатите, а илјадници уплашени граѓани побрзаа на сите граници и аеродромот во Кабул.