Талибанците остануваат на црната листа на Фејсбук

Фејсбук ќе ја продолжи забраната за пристап на Талибанците на социјалните мрежи дури и ако Америка ги укине санкциите воведени за таа група, која ја превзеде контролата над Авганистан“, изјави првиот човек на Секторот за деловна соработка во компанијата.

Нема да им биде дозволен пристап до мрежата се додека така пропишуваат американските закони, но ниту тогаш кога тоа законски би било овозможено. Мораме да направиме анализа за да утврдиме дали Талибанците ја кршат или не нашата деловна политика против опасните организации“, рече во разговор со новинарите потпретседателката на Фејсбук задолжена за содржините.

Стејт департментот не ги сврсти авганистанските Талибанци во групата на странски терористички организации како што тоа е случај со пакистанските Талибанци.

Меѓутоа, Вашингтон официјално ги окарактеризира авганистанскитеТалибанци како „посебно категоризирана глобална група на терористи“, што значи дека им се замрзнуваат средствата во Соединетите Американски Држави, а на американските државјани најстрого им се забранува да соработуваат со нив.