Таравари: „Села останува во политиката!“

LinkSense.mk

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вршител на должноста претседател на партијата Алијанса за Албанците, во гостувањето во ТВ „Алсат“ рече дека Зијадин Села нема да си замине од политиката, но дека се уште не одлучиле за ниту една функција во партијата за него.

„Не сме му доделиле функција во партијата, но мислам дека би било многу добро и би значел многу на членството тој да има функција. На 17 декември ќе го имаме партискиот конгрес, на кој ќе му доделиме функција, каде што Зијадин би бил активен дел од креирањето политики во Алијансата“, изјави тој.