Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Македонија.
Станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето.
Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на компанијата. Предвидено е најпрво поздравни обраќања да имаат Деспотовски и претставник на компанијата, а потоа, преку видео-конференциска врска, се очекува да се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.
Македонската делегацијаутре ќе има можност да ја посети фабриката на „Јагео“ во Каошунг.
„Јагео“ е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации). Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40 000 вработени.
(Извор: МИА)







