Твитер загуби 5 милијарди долари откако го блокираше Трамп

Вредноста на акциите на Твитер паднаа вчера за 12,3 отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп доби трајна забрана од оваа платформа.

Откако во петокот затвори на 51,48 американски долари за акција, оваа американска социјална мрежа во понеделникот почна со цена од 47,16 американски долари за акција, а потоа падна на 45,15 долари по акција непосредно по отворањето со ѕвончето во 9,30 часот на источниот брег на САД.

Падот избриша 5 милијарди долари од пазарната капитализација на Твитер пред цената на акциите подоцна да закрепне на 49 долари по акција околу 12,20 часот,  за пазарна вредност од приближно 39 милијарди долари.

Ненадејниот пад се случи првиот ден од тргувањето откако Твитер во петокот трајно го забрани налогот на Трамп, кој имаше околу 89 милиони следбеници.