Твитер згасна повеќе од 100 милиони профили

LinkSense.mk

Социјалната мрежа Твитер згасна најмалку 58 милиони кориснички профили во последните три месеци од 2017 година, според податоците што ги објави агенцијата АП.

Оваа бројка, како што наведе американската агенција, го нагласува новиот агресивен став на компанијата против злонамерните или сомнителни профили кој следи поради наводните руски напори за влијание на гласачите по пат на дезинформации преку социјалните мрежи во текот на американската претседателска кампања во 2016 година.

Минатата недела, Твитер ги потврди информациите на „Вашингтон пост“ дека во мај и јуни годинава затворил 70 милиони профили.

Серијата затварање на профили покрена прашања за тоа дали таков остар пристап ќе влијае на растот на корисниците на Твитер и дали таа компанија за ова претходно требало да ги предупреди инвеститорите.

Компанијата во април соопшти дека има 336 милиони активни корисници месечно, при што тој број подразбира профили кои биле логирани најмалку еднаш во текот на изминатите 30 денови.

Се чини дека „чистката“ на профилите не нанесе голема штета, со оглед на тоа дека бројот на активни корисници месечно се зголемува за 3,0 отсто отколку претходните години, информира АП.