Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Телефонски разговор Заев и Меркел: Време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори
Македонија

Телефонски разговор Заев и Меркел: Време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори

април 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во средата, 3 април, премиерот Заев имаше телефонски разговор со канцеларката Меркел. Во разговорот беше потврдено дека посетата на Северна Македонија што ја оствари грчкиот премиер Ципрас во вторникот, на 2 април 2019 година, како и заедничката владина седница, беше историски момент. Позитивниот развој на односите меѓу Северна Македонија и Грција е позитивен пример за регионот на Западен Балкан и тоа се добри вести за Европа.

Спроведувањето на Договорот од Преспа потврдува дека дијалогот и дипломатијата креираат позитивни резултати за надминување на отворените прашања и може да донесат директна економска корист за граѓаните. Како што информираше премиерот Заев, владите на Северна Македонија и Грција потпишаа неколку договори за зацврстување и развој на соработката. Покрај тоа, во Скопје беше одржан и бизнис форум на кој присуствуваа повеќе од 140 компании од Грција и 250 компании од Северна Македонија.

Премиерот Заев, исто така, ја информираше канцеларката Меркел и за други политички настани во државата, како што е одржувањето на отворен дијалог со опозицијата во врска со реформите, каде се постигнати конкретни резултати со усвојувањето на нов закон за антидискриминација, формирањето на Антикорупциска комисија, како и реформи во безбедносните служби и јавната администрација. Дијалогот во врска со иднината на Специјалното јавно обвинителство е сѐ уште во тек.

Премиерот Заев ѝ се заблагодари на канцеларката Меркел за поддршката што Германија ја даваше во сите процеси, вклучително и надминувањето на спорот за името со соседна Грција, внатрешните реформи, а особено за економскиот советник што Германија го обезбеди со цел да ѝ помага на Владата на Северна Македонија. Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, а интересот на германските инвеститори е сѐ поголем. Покрај тоа, во земјата се спроведува модел за дуално образование со помош на германски партнери.

Имајќи ги предвид горенаведените настани, премиерот Заев побара поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни. Тој потенцираше дека, со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот од Преспа и постигна резултати во поглед на реформските процеси, време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Северна Македонија.

Канцеларката Меркел го поздрави позитивниот развој на спроведувањето на Договорот од Преспа, како и спроведувањето на домашните реформи преку отворен дијалог со опозицијата, што, според неа, ќе донесе конкретни и позитивни резултати“, се вели во соопштението од Владата.

актуелно ЕУ одлуки преговори пристапни Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.