Температурата денеска до 41 степен, од недела заладување

Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен.

Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови.

Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе дотсигне 38 степени.