Терористи ја нападнаа руската амбасада во Сирија

Амбасадата на Русија во Сирија повторно беше цел на напад на терористи, соопшти Одделението за информации и медиуми во Министерството за надворешни работи на Русија.

„Една граната која, за среќа, не експлодираше, падна во дворот на комплексот на административни објекти на руската амбасада. Втората падна во непосредна близина на зградата. За неутрализирање на експлозивните средства беа повикани деминери“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека напаѓачите ја гранатирале амбасадата во 13.00 и во 13.19 часот.

„Повторените напади на амбасадата на Русија во Дамаск треба да бидат силно осудени од страна на сите оние кои се борат против предизвиците и заканите од тероризам“, соопштија од руското Министерство за надворешни работи.