Терор на британски неонацисти во Австралија

LinkSense.mk

Британската неонацистичка организација „Зоненкриг дивижн“ (СКД) е прва ултрадесничарска група која во Австралија е огласена за терористичка.

Групата СКД се придружи на списокот од 27 забранети организации во Австралија, кои до сега се водеа како џихадистички или сепаратистички групи.

СКД е огранок на „Атомвафен дивижн“, движење без водач, кое потекнува од САД, а се заснова на неонацистички терористички организации од 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

СКД се држи до гнасна, насилна идеологија која ги поттикнува осамените терористи желни за да нанесат значајна штета на нашата земја“, изјави Питер Датон, австралискиот министер за внатрешни работи.

Шефот на австралиската разузнувачка агенција (АСИО), Мајк Берџис, рече дека СКД и другите десничарски групи сочинувале 40 отсто од истрагите поврзани со тероризам спроведени во таа земја во изминатите 12 месеци.

Пред две години младо момче неонацист е затворен во Британија заедно со уште еден член на СКД поради тероризам. Тој повикуваше на насилство против британскиот принц Хари, прогласувајќи го „издајник на својата раса“, после бракот со американската глумица Меган Маркл. А, вооружен Австралијанец истата година уби 51 верник во џамии во новозеландскиот град Крајстчерч.

Австралиската безбедносна разузнувачка организација посочи дека заканите од крајната десница се „зголемија“ и станале „трајна закана“.