Тигар уби чуварка во Зоолошка

LinkSense.mk

Во зоолошката градина Хамертон, Кембриџшир, Велика Британија починала чуварка во несреќа со тигар.

Од зоолошката велат дека несреќата е чудна, но безбедноста на посетителите не била загрозена.

Тигарот влегол  во делот кај чуварката и ја нападнал. Од повредите чуварката починала на лице место, вели полицијата.

Од таму соопштуваат дека во ниту еден момент од инцидентот животните не избегале од своите делови и не била загрозена јавната безбедност. Сочувствуваме со нашите колеги, пријатели и семејства во ова тажно време.

Паркот ќе биде затворен и дополнително ќе информираме за одново отворање – стои во соопштението на зоолошката.

Зоолошката градина е отворена во јуни 1990-та година и се простира на над илјада метри квадратни. Во неа се чуваат малезиски тигри, бенгалски тигри, гепарди, волци, лисици, кенгури, како и разновидни птици и рептили.