Тодоров: Постапката за изградба на Клинички центар е транспарентна

Целата постапка за избор на фирма која ќе го гради новиот Клинички центар е транспарентна. Одлуките на комисијата дополнително ги разгледуваат стручни лица од банката при Советот на Европа, уверува министерот за здравство Никола Тодоров.

Според него, во тек е период на жалби и  сите компании кои доставиле понуди можат да се жалат по обелоденувањето дека  веќе е избран конзорциум од две македонски и една италијанска фирма да го градат Клиничкиот.

„За секој чекор на комисијата банката дава согласност зтанува збор за банка на Советот на Европа“, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Тодоров апелира да не се избрзува со заклучоци да не се прекршуваат процедурите, бидејќи станува збор за најголемата инвестиција во здравството од 128 милиони евра и новиот Клинички требало што поскоро да почне да се гради.