Кенијците протестираат против новиот предлог-закон за финансии со кој се воведуваат непопуларни даночни предлози кои предизвикаа бес во целата нација, јавува Би-Би-Си.
Предлог-законот, кој содржи одредби за кои се смета дека наметнуваат дополнителни оптоварувања на обичните граѓани и фирмите, предизвика големи негодувања во јавноста, која и онака е оптоварена со високите трошоци за живот.
Тоа покрена протести, кои главно ги спроведува помладиот дел од населението.
Протестите досега беа главно мирни, но голем број демонстранти се повредени, а многумина се уапсени.

Кениската влада се откажа од некои предлози, но демонстрантите сакаа да го соборат целиот предлог-закон. Тоа, за жал, не им успеа, па насилно влегоа во парламентот во Најроби, заради што дојде до нереди.
Полицијата се пресмета со демонстрантите кои сакаа да влезат во комплексот, па на нив отворија оган и, според последните информации, загинале најмалку 10 лица.
На снимката што се споделува на социјалните мрежи се гледа дека гори дел од зградата на парламентот.
Новинарката на Би-Би-Си, Мерси Јума, јавува дека бројот на загинати е зголемен, но засега нивниот точен број се уште не се знае, а член на болничкиот тим за Ројтерс потврдил дека досега загинале најмалку 10 лица.

(Фото: Тони Карумба / АФП)







