Фудбалерите на Челзи и Тотенхем одиграа неверојатно лондонско дерби, а после вистинската фудбалска бура конечниот резултат беше 2:2.
Се започна со гол во 19. минута за Челзи. Марк Кукуреља, најновата аквизиција на „сините“, нафрли во шеснаесетникот од корнер, а топката со страшен волеј, во голот на гостите, ја „закова“ човекот кој летово исто така дојде на Стемфорд Бриџ – Калиду Кулибали.
Тотенхем не постоеше на теренот до 68. минута, кога очигледен фаул над Каи Хаверц, главниот судија на натпреварот не досуди, дозволи играта да продолжи, а само 30 секунди подоцна следеше топовски удар на Пјер Емил Хојбјерг и „црно белите“ стигнаа до изедначување.
Томас Тухел и Антонио Конте потоа се најдоа во клинч, а само благодарение на реакцијата на стручните штабови на двата тима беше спречен конфликтот меѓу двата темпераментни стратези.
This rivalry for 3rd place between two hot headed managers is too fun. Chelsea vs Tottenham. Conte vs Tuchel pic.twitter.com/z3J6z7PTIr
— richhomiegarch (@richhomiegarch) August 14, 2022
А потоа, Рис Џејмс му донесе нова предност на Челзи, Тухел потоа демонстративно претрча покрај Италијанецот и навлече дополнителен гнев врз себе.
https://twitter.com/CFCPys/status/1558870764429926402?s=20&t=35HFnbSeEn5DLiPAWjj4bQ
Се кулминираше откако Хари Кејн во 96. минута по корнерот на Иван Перишиќ донесе ерупција од воодушевување кај гостинските навивачи.
Набрзо судијата свирна крај, а тогаш стана тотален хаос на Стемфорд Бриџ. Томас Тухел и Конте тргнаа еден кон друг да се поздрават, но после се, и тоа не можеше да помине без инцидент.
Започна нов судир на тренерите, а потоа се случија уште похаотични случувања, кога учествуваа и играчите и помошните тренери и членови на управите на двата големи лондонски ривали.
(Фото: ЕПА)







