Едно лице загуби животот во пожар што избувнал синоќа петнаесетина минути по 20 часот во куќа на улица „Пиринска” број 26 во Струмица.
Екипи на јавното обвинителство и на полицијата утринава вршат увид на местото на пожарот.
Засега не се непознати причините што довеле до трагедијата.
Според информациите од струмичката противпожарна единица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата.
„Пожарот е пријавен во 20.16 часот, а во гаснењето учествуваа три возила и 9 пожарникари. Огнот е локализиран за еден час, но, за жал, во него има загинато едно лице“, информира командирот на противпожарната единица, Александар Гудев.